И Французинот Жоел Бопесу стартуваше со Работнички (ФОТО)

И францускиот интернационалец Жоел Бопесу кој изминатава сезона настапуваше во дресот на Скопје ги стартуваше подготовките со тимот на Работнички.

Бопесу треба да биде летно засилување за „романтичарите“ но левиот бек се уште ја очекува неопходната документација пред реализирање на евентуалниот трансфер.

Работнички го посакува и камерунскиот репрезентативец Оусени Моунпаин, но според последните информации тој е во сериозни преговори за трансфер во Вардар.

Нови имиња досега, како што е познато, во Работнички се Петковски, Пеев, Стевановиќ и Стевиќ. На денешниот прв собир недостасуваа Стјепановиќ, Кировски и Трајчевски кој се уште е во преговори за продолжување на соработката, како и Кире Маркоски кој исто така е пред можност за реализација на трансфер.

Се вчитува...