И Ѓоковиќ има свој став за Суперлигата на Европа

Формирањето на новата Суперлига во фудбалот предизвикува големо внимание во целокупната спортска јавност. Запрашан за став на оваа тема беше и најдобриот светски тенисер, Новак Ѓоковиќ, кој не е голем фан на реализацијата на новата идеја.

„Во прв момент тоа воопшто не звучи добро, не сум за реализација на таква идеја. Јас повеќе сакам да биде спротивното – да се отвори можноста за поголем број клубови да се натпреваруваат на највисоко ниво, на таков начин да им се овозможи да напредуваат. За жал, сведоци сме како во светот на фудбалот во последните 20 години се се врти околу парите, кој може да купи играчи, да создаде дрим-им, да ја уништи конкуренцијата“, изјави Ѓоковиќ.

Воедно, тој наведе дека тенисот како спорт мора да се развива во дијаметрално спротивен правец од она што денеска се случува во светот на фудбалот.

Се вчитува...