И голманот Бурхан Мустафа си замина од Воска спорт

И голманот Бурхан Мустафа е само уште еден во низата фудбалери кои го напуштаат тимот на Воска спорт ова лето.

Откако пред него заминаа и Костадин Захов, Фатјон Јусуфи, Ардит Иљази, и уште неколкумина, а пред ангажман во Струга ТЛ е и најдобриот стрелец во лигата, Црногорецот Алекса Марушиќ, со клубот се раздели и Бурхан Мустафа кој во Охрид пристигна во јули 2023 година.

Претходно во својата кариера Мустафа настапуваше и за АП Брера, но и Гостивар, Работнички, Борец, Феризај, Скопје, Еуромилк ГЛ, Дрита Боговиње и Милано од Куманово.

Се вчитува...