И поранешниот македонски репрезентативец Гоце Седлоски, преку социјалните мрежи, истакна отворена поддршка за Загреб, главниот град на Хрватска кој утрово беше погоден од силен земјотрес.
Седлоски кој најзначајниот дел од својата играчка кариера го мина во Динамо Загреб, во периодот од 1998 до 2004 година, а беше и капитен на „модрите“, е силно врзан со главниот град на Хрватска искажувајќи пораки за иден мирен период на сите жители на Загреб.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА