И „Гробарите“ не го заборавија Благој Истатов… (ФОТО)

И најверните навивачи на белградски Партизан, популарните “Гробари“ не го заборавија еден од најлегендарните голмани во историјата на својот клуб Благој Истатов.

На мечот од 10. коло во Суперлигата на Србија на гостувањето на Партизан против Раднички во Ниш, подгрупата предводена од еден од најголемите водачи на „Гробарите“, Милош Радисављевиќ – Кими, се појавија со транспарент во чест и сеќавање на македонската фудбалска легенда кој почина на 27. септември на 71-годишна возраст.

Истатов беше член на белградски Партизан од 1973 до 1976 настапувајќи на 44 официјални натпревари во црно-белиот дрес. Потоа од Партизан замина во холандски Утрехт, а завршувајќи во својата Беласица.

Се вчитува...