И Гроздановски од Гостивар нов фудбалер на Силекс

Силекс го донесе и шесттото засилување во овој преоден рок, компонирајќи го составот за следната сезона. Нов фудбалер на кратовци од денеска е досегашниот централен дефанзивец на второлигашот Гостивар, Христијан Гроздановски.

25-годишниот Гроздановски, кој е поранешен фудбалер на Новаци и ФК Царев двор, треба да ја засили одбранбената линија на составот на Жикица Тасевски, како дополнение на претходните засилувања во дефанзивата Филип Миленковски и Стефан Коцев.

Нови имиња од претходно, како што е познато, во дресот на Силекс е и српскиот голман Спасоје Стефановиќ, францускиот интернационалец Мбела и офанзивецот Дарио Десниќ.

Се вчитува...