И Хамес Родригез со даночни проблеми во Шпанија

Уште еден фудбалер на Пиринеите е обвинет за затајување данок. На листата на ѕвезди со даночни проблеми во Шпанија се најде и Хамес Родригез.

Фудбалерот на Реал кој моментно има статус на позајмен играч во Баерн, во Шпанија во 2014 има милионско даночно затајување, односно властите од него бараат да врати 11.65 милиони евра.

Неплатениот данок главно се однесува на парите што Хамес Родригез ги добил во Шпанија преку рекламите. Слични обвинувања за даночно затајување веќе имаат Лионел Меси, Кристијано Роналдо, Фалкао како и Жозе Мурињо во минатото.

Според обвинението, Родригез избегнал плаќање данок декларирајќи се како странец иако веќе бил жител на Шпанија во моментот кога ги заработил тие пари.

Се вчитува...