И Хендрикс и Витингтон на списокот на Давитков

Двајцата американски кошаркари со македонски пасоши, Ричард Хендрикс и Шејн Витингтон, се наоѓаат на поширокиот список на Јорданчо Давитков од 19 кошаркари за претстојниот квалификациски двомеч против Косово и Швајцарија.

Одлична вест за нашиот национален тим е враќањето на Марко Симоновски, во однос  на последниот пораз од Швајцарија се враќаат и Младеновски, Николовски и Соколов, а интересно ќе биде да се види каква ќе биде одлуката на Давитков за натурализираниот играч, каде Хендрикс во секој случај има предност во однос на Витингтон.

СПИСОК НА ПОВИКАНИ КОШАРКАРИ ЗА ПРВ СОБИР СЕНИОРИ

Војдан Стојановски, Дамјан Стојановски, Александар Костоски, Дарко Соколов, Адем Мекиќ, Бобан Стајиќ,   Андреј Магдевски, Ненад Димитријевиќ, Димитар Караџовски, Стојан Ѓуроски, Предраг Пајиќ, Бојан Трајковски, Марко Симоновски, Кирил Николовски, Љубомир Младеновски, Бојан Крстевски, Андреј Маслинко, Ричард Хендрикс, Шејн Витингтон.

Се вчитува...