И Хофенхајм назначи нов тренер

Андре Брајтенјрајтер е назначен за нов тренер на Хофенхајм. Бундеслигашот остана без предводник откако му врачи отказ на Себастијан Хенес по неуспешната сезона. Брајтенрајтер дојде од екипата на Цирих, а беше дел од германски тимови, и тоа Хановер, Шалке, Падерборн.

Како играч тој играше за Хановер, Хамбургер, Волфсбург, Унтерхакинг, Кил, Клопенбург, Хавелсе.

Хофенхајм е еден од бундеслигашите кој денеска добија нов тренер. Волфсбург претходно го назначи Нико Ковач, а претходно нови тренери добија и Борусија Дортмунд во името на Един Терзиќ, а нов тренер треба да назначи и Борусија Менхенгладбах.

Се вчитува...