Синиша Михајловиќ денеска одржа прес конференција во која се заблагодари на сите луѓе кои изминатите месеци му помогнаа да се избори со тешката болест. Стигнаа бројни пораки на поддршка од спортските работници ширум светот. Зборови на поддршка му упати и легендарниот Златан Ибрахимовиќ.
„Многу разговарам со Синиша. Тој е мој пријател. Неверојатна личност и единствен човек“, порача Ибрахимовиќ.
Ибрахимовиќ се уште е без ангажман, а како една од опциите за негов потпис е и Болоња во која тренер е токму Синиша Михајловиќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА