Машката репрезентација на Македонија за кошаркари „Под 18“ години го претрпе и вториот пораз на контролните натпревари против соодветната селекција на Бугарија, одиграни викендов во Ботевград.
За разлика од првиот меч, во кој домашната селекција славеше со 87:77, и вториот дуел заврши во корист на Бугарија, овојпат со резултат 85-75.
Македонските јуниори одиграа квалитетно прво полувреме и на одмор заминаа со минимална предност од 42-41. Сепак, домаќините заиграа подобро во вториот дел од натпреварот, направија серија со која по три четвртини поведоа со 54-49, а во завршниот период дополнително ја зголемија разликата за конечни десет поени предност.
Најефикасен во редовите на Македонија беше Ѓорѓи Цветковски, кој постигна 21 поен. Дамјан Стојановски натпреварот го заврши со девет поени и пет скока, додека Григориј Ѓорѓевиќ придонесе со осум поени и пет скока.
Двата контролни натпревари против Бугарија беа дел од подготовките на македонската репрезентација за настапот на Европското првенство од Дивизијата „Б“ во Хрватска.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
