И Јуве капитулираше: Лацио со пресврт ја покори „Старата дама“ (ВИДЕО)

По 14 натпревари од стартот на сезоната без пораз конечно капитулираше и Јувентус во Серија А. „Старата дама“ го доживеа првиот пораз сезонава на гостувањето против Лацио во 15. коло.

„Лацијалите“ до победата од 3-1 дојдоа со пресврт откако Јуве поведе на мечот со голот на Роналдо во 25. минута, а Луиз Фелипе израмни во 45. минута.

Откако Квадрадо во 69. минута заработи црвен картон кај гостите, потоа следеше нов погодок на Лацио преку Милинковиќ-Савиќ кој на извонреден начин погоди во 74. минута.

 

Имобиле промаши пенал во 79. минута од средбата, а конечните 3-1 ги постави Фелипе во петтата минута од судиското продолжение.

Се вчитува...