И камен би заплакал: Децата на Диого Жота на центарот на „Енфилд“

Мечот помеѓу Ливерпул и Вулверхемптон е во знакот на Диого Жота. Португалецот кој играше за двата тима, трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа во Шпанија.

Семејството на Жота, неговата сопруга и трите деца се присутни на мечот, на покана на Ливерпул. Трите деца се појавија на центарот на „Енфилд“ и стоеја покрај капитенот Вирџил ван Дајк.

Претходно челници на Вулверхемптон положија свежо цвеќе пред Енфилд, во спомен на трагично загинатиот фудбалер.

Жота и неговиот брат Андре Силва, загинаа патувајќи од Португалија кон Шпанија за Диого да фати брод за да се врати назад во Ливерпул на подготовки. Двајцата со нивниот автомобил се забиле во ограда, по што настанал пожар кој бил смртоносен за двајцата.

Се вчитува...