И Канелјас го гледаше дербито МЗТ – Блокотехна (ФОТО)

Трибините на малата сала „Јане Сандански“ не беа исполнети до последно место, но на нив можеше да се забележи и едно познато ракометно име.

Жоан Канелјас по тренингот на „вардарци“ во големата сала се спушти во помалата арена, каде „од нога“ го гледаше второто полувреме. Кога победникот беше решен и МЗТ стигна до двоцифрена предност, Канелјас си замина на заслужен одмор, пред напорните последни неколку дена подготовки што го очекуваат во пресрет на реваншот со Кил.

Се вчитува...