И Капело го критикуваше потегот на Роналдо: Тоа е непростливо! (ВИДЕО)

Порто го елиминираше Јувентус во осминафиналето од Лигата на шампионите пред се поради вториот гол на Серџо Оливеира, кој со лукав шут директно од слободен удар го изненади домашниот голман.

Но, му помогна и смешната реакција на живиот ѕид на Јувентус, во кој беше и Кристијано Роналдо. Токму Португалецот се ‘скри’ од топката…

„Тоа е непростлива грешка. Јас за жив ѕид секогаш одбирав играчи кои не се плашат од топката. Не смееш да се свртиш во жив ѕид, тоа никогаш не се прави“ – истакна поранешниот италијански селектор, Фабио Капело во анализата на „Скај“ по натпреварот.

Се вчитува...