Србија и дефинитивно не успеа да се избори за пласман или бараж за СП 2026 по синоќешниот пораз од Англија (2-0) и победата на Албанија над Андора.
По вчерашниот пораз од Англичаните со свое видување и српскиот капитен Филип Костиќ кој, сега, откако го нема Драган Стојковиќ Пикси на клупата се одлучи да прозбори за случувањата во националниот тим.
„Поразот од Албанија е еден од најтешките во мојата кариера. Тој пораз не чинеше пласман на Светското првенство 2026. Но, немаше да го имаме тој пораз, ќе ја завршевме групата поинаку ако имавме тренер од самиот почеток и ако работевме онака како што работевме сега на овој собир изминативе неколку дена. Ако беше така, дефинитивно ќе завршевме како второпласирани“ – изјави Костиќ, критикувајќи го поранешниот селектор Драган Стојковиќ Пикси.
Пикси се повлече од клупата на Србија по поразот од Албанија (0-1) во Лесковац, а него на селекторската функција го наследи Вељко Пауновиќ, кој синоќа за првпат го водеше националниот тим против Англичаните.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

