И Кире со Нант пристигна во Келн (ВИДЕО)

По вардарци кои утрово први пристигнаа во Келн од учесниците на годинашниот Ф4 турнир во Лигата на шампионите, во попладневните часови долетуваат и Французите.

Во Келн со екипата на Нант пристигна македонскиот капитен Кире Лазаров. За Нант ова е прв настап во Келн, а Лазаров шесто учество на завршниот турнир во ЛШ со четвртиот различен клуб.

Во полуфиналето во сабота, Нант ќе игра против ПСЖ, а Вардар против Монпелје.

Се вчитува...