Барселона вечерва на „Монжуик“ ќе ја пречека Севилја во првиот натпревар од 8. коло од новата сезона во шпанската Ла лига.
Поради сите случувања околу случајот Негреира полека и дел од клубовите почнуваат да му го вртат грбот на каталонскиот клуб.
Од Севилја на неколку часа пред мечот кој е закажан за 21 часот со соопштение потврдија дека челниците на клубот нема да се најдат во ложата на вечерашниот натпревар на „Монжуик“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА