И кога е на плажа, Конте чита – фудбал!

Менаџерот на Челси, Антонио Конте, им даде слободни денови на фудбалерите кои немаат репрезентативни обврски и одлета за Италија да ужива во убавиот викенд. Заедно со својата сопруга Елизабета беше „уловен“ на плажа, но и тогаш е окупиран со фудбалска тематика.

Италијанскиот стратег ги совладуваше лекциите од книгата „Англиски фудбал“, која е посебна корисна за странците кои треба добро да ги совладаат сите термини што се употребуваат во англискиот јазик, а поврзани со фудбалската игра.

Веќе од денеска Антонио Конте им се враќа на обврските на „Стемфорд бриџ“, и ќе го очекува комплетирањето на тимот пред продолжувањето на обврските во Премиер – лигата.

 

Се вчитува...