И Конте не сака во Реал Мадрид

Менаџерот на Челси, Антонио Конте, го одбил обидот на Реал Мадрид за преговори околу преземање на позицијата кој ја напушти Зинедин Зидан. Предводникот на „сините“ не е задоволен позицијата на „Стемфорд Бриџ“ особено што Челси бара нов тренер без претходно да му даде отказ. Конте не сака да се повлече, има уште една сезона валиден договор.

Преговорите со Реал Мадрид му отвораат пат на Конте од Лондон кон „Сантијаго Бернабеу“, но италијанскиот стратег сепак не бил сигурен дека актуелниот состав на Реал би бил отворен на неговите интензивни тренерски методи.

Антонио Конте го презеде Челси во 2016 година, а пред две сезони „сините“ ја освои премиерлигашката титула.

Се вчитува...