И Леванте во трката по Енис Барди

Енис Барди добрите настапи од квалификацискиот циклус ги продолжи и на Европското Првенство во Полска, па неслучајно од ден на ден се подолга е листата на клубови што сакаат да го видат македонскиот репрезентативец во своите редови.

Леванте е последниот клуб што покажа сериозен интерес за Барди, откако скаутите на шпанскиот прволигаш дадоа препорака за почеток на преговорите. Оваа екипа лани се натпреваруваше во втората шпанска лига, доминантно освојувајќи го првото место, па сега челниците на Леванте би сакале токму Барди да биде еден од главните адути на овој клуб при камбекот во шпанската фудбалска елита.

За очекување е преговорите со Ујпешт да стартуваат по завршувањето на ЕП за млади фудбалери во Полска. Претходно, интерес за услугите на Барди искажаа и челниците на Динамо Загреб, Видеотон и Штутгарт.

Се вчитува...