И Лука Дончиќ го зеде скалпот на Голден Стејт

Лука Дончиќ покажува потенцијал на мегаѕвезда во НБА-лигата откако младиот Словенец блесна на дуелот против шампионот Голден Стејт, носејќи му на Далас минимална победа од 112-109. Гостите настапија без Стеф Кари и Дрејмонд Грин, но имаа контрола над резултатот во поголем дел од мечот. Сепак, кога беше најважно одговорноста ја презеде Дончиќ, погодувајќи шут за водство од 109-108, пред словенечкиот ас со две прецизни слободни фрлања да стави точка на големата победа. Тој го заврши натпреварот со 24 поени и 9 скокови, кај Голден Стејт најпрецизен беше Дурант со 32 поени, но и два промашени шута во последна минута кога се решаваше победникот.

Орландо меџик е тимот што ја прекина победничката серија на ЛА лејкерс, совладувајќи ги Леброн Џејмс и соиграчите со убедливи 130-117. Незапирлив за „езерџиите“ беше Никола Вучевиќ кој реализираше 36 поени, кај лејкерси Леброн застана на 22, а Ленс Стивенсон постигна 19.

Кемба Вокер реализираше рекордни за него во кариерата 60 поени, но и тоа не беше доволно за Шарлот да слави на дуелот со Филаделфија, на кој гостите по продолжение од пет минути славеа со 119-122. Ембид беше најзаслужен за победата на Филаделфија со 33 поени, остварена и покрај слабиот шутерски ден на Батлер (15 поени).

Резултати НБА:

Феникс – Оклахома сити 100-110, Далас – Голден Стејт 112-109, Хјустон – Сакраменто 132-112, Чикаго – Торонто 83-122, Бостон – Јута 86-96, Орландо – ЛА лејкерс 130-117, Њу Орлеанс – Денвер 125-115, Индијана – Атланта 97-89, Шарлот – Филаделфија 199-122 (по прод.), Бруклин – ЛА клиперс 119-127.

Се вчитува...