И Лука Петровски останува „црвено-бел“

КК Работнички, комплетирајќи го  ростерот за следнава сезона во Првата македонска кошаркарска лига, официјално информира дека и Лука Петровски го продолжи договорот со клубот.

„Со својата пожртвуваност, борбеност, снаодливост и тимски дух, Лука претставува значаен дел од нашиот состав. Секогаш подготвен да го даде својот максимум на теренот, тој и во наредната сезона ќе биде дел од црвено-белото семејство. Лука ја продолжува познатата и мошне успешна, повеќе генерациска, семејна лоза на Петровски во КК Работнички. Одлични кошаркари во Работнички беа и неговиот татко Слободан Петровски поранешен А-репрезентативец на Македонија (во младите категории на Работнички), кој е син на Цветан-Куко Петровски своевремено еден од најдобрите кошаркари на Работнички“ – информираат од КК Работнички.

Претходно договорот со „црвено-белите“ го продолжи и репрезентативецот Дамјан Робев.

Се вчитува...