И Македонија и Летонија со убави шанси, но голманите не дозволија тресење на мрежите

По првите 45 минути на Националната Арена во Скопје нема голови на дуелот помеѓу Македонија и Летонија. Двете селекции играат отворено, без калкулации, и како резултат на тоа дојдоа и шансите.

Македонија почна со нова тактика, со 4-4-2, повремено и со петмина играчи во последната линија. Се покажа како исправна барем кога се има во предвид офанзивниот дел, но во дефанзива беше проблематична затоа што Летонците направија две стонастотни шанси од кои можеа да дојдат до предност.

Летонците главно со нафрлени топки се обидоа да го загрозат Димитриевски кој беше одличен, особено во таа 37. минута по шансата на Гутковскис кој беше сам на 6-7 метри и шутираше со волеј. Истиот фудбалер и претходно имаше прилика да го загрози голот на Македонија, но неговиот обид со глава заврши над голот.

На другата страна и голманот Матревич беше одличен во 40. минута од средбата. Најпрво го одбрани шутот на Барди од 20 метри, а потоа и двојниот обид со глава на Серафимов по изведениот корнер. Чуварот на мрежата на Летонија во 28. минута успеа да одбрани и по обидот на Костадинов со глава по центаршутот на Барди, па така не дозволувајќи Македонија да се радува по првиот дел.

Се вчитува...