И Манчестер јунајтед се замеша во трката за Дани Олмо

И Манчестер јунајтед се замеша во трката за шпанскиот репрезентативец Дани Олмо.

Членот на германски Лајпциг игра во одлична форма која ја потврди и на последниот пријателски натпревар на Шпанија против Бразил во Мадрид. Постигна гол во ремито од 3-3.

Олмо, иако има договор со Лајпциг до јуни 2027 година, тоа не значи дека нема да го напушти клубот ова лето. Затоа што во јуни ќе може да се активира откупната клаузула од 60 милиони евра.

Силно заинтересиран за неговите услуги е Реал Мадрид, но и Манчестер сити и Челси. Сепак, сега во трката се вклучува и Манчестер јунајтед кој најави дека ќе следува официјална понуда до Лајпциг.

Се вчитува...