И Манчестер сити во трката за Рабио

Англискиот фудбалски шампион, Манчестер Сити, влезе во трката за потписот на Адриен Робен. Менаџерот на Сити, Пеп Гвардиола, потврди дека минатата недела се сретнал со францускиот фудбалер.

Договорот на Рабио со Пари Сен Жермен истекува следното лето и тој би направил трансфер како слободен играч. За него преходно покажаа интерес и Барселона и Јувентус.

Рабио за ПСЖ дебитираше во 2012 година, досега одигра 208 натпревари на кои постигна  22 гола. За репрезентацијата на Франција има шест настапи, но не успеа да избори место во составот кој летово во Русија ја освои светската титула.

 

Се вчитува...