И Марин Докузовски на дербито Гостивар – МЗТ (фото)

Се е подготвено за почеток на дербито меѓу Гостивар и МЗТ Скопје, а на трибините во салата „Младост“ се наоѓа и Марин Докузовски.

Стратегот на Работнички очигледно сака во живо да ја погледне пресметката меѓу двата тима кој ќе му бидат сериозни ривали на претстојната завршница од Купот на Македонија, но и во натамошниот дел од сезоната во Супер-лигата и плејофот.

Бојан Трајковски денеска ќе го има своето деби во дресот на Гостивар, додека кај МЗТ Скопје по повредата во тимот се враќа Американецот Лестер Медфорд.

Се вчитува...