И Медведев го заврши настапот на ЛОИ во Токио

Уште едно изненадување ни носи тенискиот турнир на Летните олимписки игри во Токио. По вчерашната елиминација на Стефанос Циципас, денеска турнирот заврши и за вториот носител, Русинот, Даниел Медведев, кој загуби од Шпанецот Пабло Карено – Буста со 2-0 (6-2 и 7-6).

Русинот првиот сет го одигра катастрофално и иако ја подобри играта во вториот не успеа целосно да се врати во мечот. Во полуфиналето Карено Буста за противник ќе има уште еден Русин, Карен Хачанов.

Во второто полуфинале, првиот рекет на светот, Новак Ѓоковиќ го чека подобриот од мечот меѓу Александер Зверев и Жером Шарди.

Се вчитува...