И Медведев лесно до осминафинале во Токио

Вториот рекет во светот, Данил Медведев стигна до лесна победа во 2. коло на олимпискиот турнир во Токио откако славеше над Индиецот Сумит Нагал со 2-0, по сетови 6-2 и 6-1.

Медведев во осминафиналето за противник ќе го има Италијанецот Фабио Фоњини кој беше подобар од Белорусинот Егор Герасимов.

Пласман меѓу 16 најдобри во машкиот дел од турнирот обезбедија и Германецот, Александар Зверев,  Шпанецот, Алехандро Давидович-Фокина и Грузиецот Николос Басилашвили.

Се вчитува...