И Милан ја напушти Суперлигата – Кој последен ќе остане Реал, Барса или Јуве?

По Интер и градскиот ривал Милан се одлучи да ја напушти Суперлигата, што значи дека во неа остануваат само уште Реал Мадрид, Барселона и Јувентус. „Росонерите“ излегоа со официјално соопштение во

„Ја прифативме поканата за учество во Суперлигата за да им го дадеме најдобриот фудбал на фановите, но како и за најдобар интерес за нашиот клуб и навивачите. Промената никогаш не е лесна, но еволуцијата е неопходна за прогрес. Ќе се бориме и понатаму да го имаме најдобриот модел на фудбалот“, стои во соопштението на Милан. 

Од Суперлигата се уште официјално не се откажаа само Реал Мадрид, Барселона и Јувентус. Од каталонскиот клуб најверојатно ќе се изјаснат за напуштање на лигата, но од Јуве и Реал се уште се очекува ставот бидејќи токму овие два тима беа главните организатори на новото натпреварување.

Се вчитува...