И министерот Тевдовски го истрча Охридскиот маратон – 30 километри… (ФОТО)

Министерот за финансии во Владата на РМ, Драган Тевдовски беше дел од учесниците на 31. Интернационален охридски маратон кој се трчка на 30 километри долгата патека од Свети Наум до Охрид.

Тевдовски успешно го заврши маратонот трчајќи со време од 2 часа и 45 минути, сето тоа во рамките на екипата за поддршка за поддршка на лицата со тешки и ретки болести.

„Ова е мое второ учество на еден од најстарите атлетски маратони во Македонија. Оваа година со нашето завршување на 30-километарската трка сакавме да испратиме силна порака за поддршка на лицата со тешки и ретки болести. Според мене, што повеќе јавни личности од земјава мора да се приклучат на ваквите манифестации, и директно или индиректно да ги поддржиме и спортските настани и преку нив да повикаме за поддршка на лицата на кои им е неопходна помош од сите нас“ – истакна Тевдовски по завршувањето на трката.

????????????????????????????????????

Инаку, Драган Тевдовски е поранешен фудбалер кој потекнува од школата на ФК Вардар, а во својата фудбалска кариера претходно има настапувано и за Работнички.

ФОТО: www.ohridnews.com.mk

Се вчитува...