И Мурињо се испазари за данокот во Шпанија

Менаџерот на Манчестер jунaјтед, Жозе Мурињо, по стапките на Кристијано Роналдо и Лео Меси, постигна договор со шпанските власти за обвинението за затаен данок. Тој ја прифати затворската казна од една година, со тоа што како и на останатите ѕвезди, ќе му биде замената со парична казна. Во неговиот случај тоа е 1,98 милиони евра.

Мурињо беше обвинет  дека затаил данок во периодот меѓу 2011 и 2012 година кога беше тренер на Реал Мадрид.

Во Шпанија, за прв престап за кој пресудата е помалку од две години, не се служи затворска казна. Такви беа случаите и со Роналдо, Меси, Маскерано, Коентрао…

 

Се вчитува...