И на Работнички му се превисоки казните од Законот за споречување насилство на спортските терени

Кошаркарскиот шампион на Македонија, Работнички му се приклучува на градскиот ривал, МЗТ Скопје Аеродром во барањето за ревидирање на казните кои ги пропишува Законот за спречување насилство на спортските трени. Во соопштение од Работнички бараат „промена на ЗСНСТ, негово прилагодување на македонските услови и пред сѐ казнениот систем да биде прилагоден на нашиот стандард,да се намалат казните“.

Клубот смета да висината на казните го загрозува егистирањето не само на прфесионалниот погон туку и на бројните таленти кои ги имаат во нивните редови.

Очигледно на одговорните воопшто не им е важно дали сме ги презеле сите законски мерки за организација на натпреварот, дали сме ги поднеле потребните пријави и ангажирале доволен број професионални редари

Наместо државата,институциите за спорт и развој на младинците итн, да го штити и да го помага врвниот спорт, тие пишуваат огромни казни кои се голем товар за сите македонски кошаркарски клубови.

 Ова  е проблем  на сите клубови кои се дел од кошаркарското првенство кои плаќаат високи казни,додека салите се празни.

 Заеднички заклучок ни е дека Законот за спречување насилство на спортските терени (ЗСНСТ), на кој се повикува МВР, е максимално ригиден и ригорозен, со превисоки казни и работи кои не се применливи кај нас. Поради овој Закон, кој е препишан од некои дијаметрално поразлични средини од нашата, клубовите повеќе пари даваат на неверојатно високите парични санкции, отколку на своите спортисти, што треба и е приоритет на секој спортски колектив во светот“ – стои во соопштението од Работнички

Од клубот велат дека значаен дел од тешко обезбедените стретства за функционирање мораат да ги даваат на плаќање казни кои според нив се мегаломански.

 

Се вчитува...