И Надал без проблеми до осминафинале во Монте Карло

По Новак Ѓоковиќ и Рафаел Надал без поголеми проблеми се пласираше во осминафиналето на АТП Мастерс 1000 турнирот во Монте Карло.

Шпанецот во својот прв меч на земја годинава експресно славеше над Аргентинецот, Федерико Делбонис со максимални 2-0 по сетови 6-1 и 6-2.

Во осминафиналето Надал ќе игра со Григор Димитров кој беше подобар од Жереми Шарди со 2-0 (7-6 и 6-4).

Се вчитува...