Најдобриот светски тенисер на сите времиња, Новак Ѓоковиќ сподели објава на социјалните мрежи со која јасно изрази сочувство за семејствата на жртвите од ужасната трагедија која ја потресе денеска Македонија.
Сосема е јасно дека комплетниот регион, но и Европа застана со силно сочувство за Македонија, а меѓу нив и Новак Ѓоковиќ кој јасно посочи дека со мислите и молитвите е за сите семејства на настраданите во синоќешниот ужасен пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани во која згаснаа 59 млади животи.
Ѓоковиќ на својот официјален Инстаграм профил го постираше македонското знаме и црна лента врз него….
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА