Арсенал ова лето ќе се засили со напаѓач, а меѓу кандидатите е и голгетерот на Астон Вила, Оли Воткинс. Наводно прв пик на „топчиите“ е Бенџамин Шешко од Лајпциг, а ако не успее, тогаш ќе се сврти кон англискиот репрезентативец.
Исто така во комбинација е и Виктор Ѓокереш, но последните информации од Лондон велат дека Арсенал не е подготвен да ги исполни финансиските барања на Спортинг за шведскиот голгетер.
Минатата сезона Воктинс одигра 38 меча за тимот од Бирмингем, и постигна 18 голови. Исто така запиша и осум асистенции, а беше еден од заслужните за пласманот на Англија во финалето на минатогодишното ЕВРО во Германија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА