И Пелистер се мачеше, но на крај славеше против ФМП Академија

Како и актуелниот шампион МЗТ Скопје, така и Пелистер вечерва имаше многу потешка задача од очекуваното во 21. коло во Првата кошаркарска лига на Македонија. Битолчани иако беа големи фаворити на домашен терен се мачеа против ФМП Академија, но на крајот сепак успеаја да стигнат до триумф од 98-89.

Гостите од Скопје одиграа неверојатно во првото полувреме, па на пауза успеаја да заминат со позитива од два поени (47-49). Сепак, актуелниот вицешампион на Македонија успеа конечно да ја пронајде својата игра во вториот дел, па со одлична последна четвртина успеа да го урне отпорот на гостите и да стигне до конечен триумф од 98-89.

Андреј Маслинко со 31 поен беше убедливо најдобриот поединец во таборот на победникот, додека кај поразените Џастин Робертс постигна ист број на поени.

Се вчитува...