Гатузо ја одби Џенова, Пирло во комбинација, потивко одново се споменува и Ангеловски

Давиде Балардини засега останува на клупата на Џенова, меѓутоа веќе се подготвуваат сценарија за нов тренер на екипата со оглед дека многу брзо може да се случи промена. Пред неколку недели излезе информација дека Џенаро Гатузо би можел да биде новиот тренер на тимот на Горан Пандев, а сега се споменува дека и екс тренерот на Јувентус, Андреа Пирло би можел да ја превземе екипата, пренесува „Калчомеркато“. 

Порталот пишува дека покрај Пирло и Гатузо, во комбинација е и Роберто Донадони, а вели дека фокусот и натаму е ставен и на поранешниот македонски селектор, Игор Ангеловски. Во меѓувреме Гатузо наводно ја одбил можноста да биде нов тренер на екипата.

Ангеловски беше споменуван како кандидат уште минатото лето, меѓутоа до соработка не дојде.

Се вчитува...