И по Шпанец – Шпанец: Писонеро е новиот тренер на Вардар

Кратко траеше потрагата по нов тренер на Вардар, откако европскиот првак денеска за шеф на стручниот штаб го именуваше 46-годишниот Давид Хозе Писонеро. Традицијата што им донесе успех на „вардарци“, со шпански стратези да остварува врвни резултати, придонесе и новиот стратег да биде ангажиран од оваа ракометна земја.

Роберто Парондо си заминува за да се посвети максимално на работата со репрезентацијата на Египет, а на негово место контролата над тимот ќе ја преземе Писонеро. Новиот стратег седнува на клупата на Вардар од тимот на Валјадолид, каде ги мина последните две години.

„Клубот останува на својата заложба да продолжи по патот што донесе успех, а тоа е да имаме тренер кој знае како да ги склопи сите коцки и од расположливите играчи да извлече максимум. Со Писонеро веруваме дека ќе продолжиме успешно да чекориме по зацртаниот пат. Вардар секогаш бил тим што се борел за виоск пласман без разлика на натпреварувањето. Така ќе биде и во иднина. Во новата сезона имаме убави предизвици пред нас, а ние правиме се да бидеме целосно подготвени за она што не очекува“, изјави Давор Стојаноски, извршниот директор на Вардар.

Се вчитува...