И покрај „паркираниот автобус“, Симеоне вели: Одевме на победа против Сити

Атлетико Мадрид загуби со 1-0 на гостувањето кај Манчестер Сити во првиот четвртфинален натпревар во Лигата на шампионите. Диего Симеоне играше бункер, но во 70. минута не издржа „паркираниот автобус“ и Кевин Де Брујне донесе победа.

Атлетико играше само дефанзива, а нивниот тренер тврдеше дека неговата екипа одела на победа.

„Резултатот е лош затоа што одевме на победа. Игравме против одличен противник. Бројките се говорат, головите кои ги постигнуваат дома. Динамични се, напаѓаат од сите страни, секогаш форсираат колективна игра и тоа е многу убаво за гледање. Во првиот дел одлично се браневме, не можевме да нападнеме. Во вториот дел пробавме нешто низ противнапади. Сега во Мадрид ќе бркаме да постигнеме гол. Ќе мораме да имаме топка повеќе во нозете. Веројатно игравме против најдобриот тим на Светот“, рече Симеоне.

Се вчитува...