И Полска на колена: Словенците во финалето на ЕП во одбојка

Одбојкарите на Словенија се пласираа во финалето на Европското првенство, откако славеа и против светскиот првак Полска со 3-1. Домаќинот така ќе игра по вторпат во својата историја во битката за златен медал на ЕП.

Словенците го добија првиот сет со 23-25, Полска се врати во следниот добивајќи го со 26-24. Но „змајчеките“ продолжија во одличен ритам до крајот па ги добија следните два сета со 22-25 и 23-25.

Словенија во битката за злато ќе го очекува подобриот од втората полуфинална пресметка меѓу Франција и Србија.

Се вчитува...