И поразен и ограбен, лоша вечер за Мемфис Депај

Ѕвездата на Лион, Мемфис Депај, покрај со поразот на неговиот тим синоќа се соочи и со грабеж в0 домот. Додека Депај со Лион го играше натпреварот со Ница од француското првенство и доживеа пораз (0-1) на домашен терен. Kрадци влегле во домот на Холанѓанецот.

Вредноста на украдените работи од домот на Депај е околу 1,5 милиони евра. Полицијата сепак уште не го потврдува овој податок. Тој тврди дека му биле украдени часовници и накит. Според некои информации, недостасувале и два автомобили од колекцијата на фудбалерот.

 

 

 

Се вчитува...