И Портланд, по Клиперс, го зеде скалпот на Лејкерси

И Портланд, по ЛА Клиперс на стартот од сезоната, успеа да го совлада шампионот ЛА Лејкерс откако славеше на гостувањето во Лос Анџелес со 107-115. Мечот беше израмнат се до последната четвртина, што гостите од Орегон ја добија со 22-31 и стигнаа до заслужена победа. Лилард вообичаено е прв стрелец на Портланд со 31 поен, но овојпат огромна помош доби од Гери Трент Џуниор, стрелец на 28 поени (7/11 за тројка). Леборн Џејмс беше најефикасен кај ЛА Лејкерс со 29 поени и 9 скокови, додека Шредер го заврши мечот со 24 поени.

Атланта ја забележа третата победа во низа, триумфирајќи над Детроит со 128-120. Богдан Богдановиќ погоди пет тројки за вкупно 17 поени, а најефикасен повторно беше Тре Јанг со 29 постигнати поени. Бруклин без помошта на Кевин Дурант беше изненаден на домашен терен, губејќи по продолжение од Мемфис со 111-116.

Денвер лесно и убедливо го совлада Хјустон со 124-111. Во главна улога беше Никола Јокиќ, кој оствари трипл-дабл од 19 поени, 12 скокови и рекордни за него 18 асистенции.

Резултати НБА:

Атланта – Детроит 128-120, Бруклин – Мемфис 111-116 (по прод.), Оклахома Сити – Јута 109-110, Денвер – Хјустон 124-111, ЛА Лејкерс – Портланд 107-115.

Се вчитува...