И Рафа Бенитез кандидат за селектор на Шкотска

Поранешниот менаџер на Ливерпул, Реал Мадрид и Наполи, Рафаел Бенитез е сериозен кандидат да ја преземе селекцијата на Шкотска. Доколку се договори со федерацијата, ова за него ќе биде прв селекторски предизвик.

Самиот Бенитез потврди дека би можел да биде подготвен за таков предизвик.

„Шкотска го постигна својот максимум, и не мислам дека можеа нешто повеќе од ова. Би било интересно да станам селектор. Мислам дека е сосема друга работа отколку во клупскиот фудбал“, изјави Бенитез.

Проблем може да претставува платата која ја бара Шпанецот. Наводно инсистира на сума од 3 милиони евра, а претходниот Кларк работеше за шест пати помалку, односно за 500.000 евра годишно.

Исто така еден од кандидатите е и Роберто Мартинез, доскорашниот селектор на Португалија. Шкотска е ривал на Македонија во идното издание на Лигата на Нации.

Се вчитува...