И речиси девет години по пензионирањето, Гечевски се уште „царува“ во АБА (ФОТО+ВИДЕО)

Тодор Гечевски последниот натпревар во АБА лигата го одигра на 29.03.2014 година кога во поразот на МЗТ Скопје од Раднички Крагуевац пред преполниот спортски центар „Борис Трајковски“ го предводеше македонскиот претставник со 16 поени, а и покрај тоа што кавадарчаниецот се пензионираше од регионалната кошарка пред речиси осум години тој се уште го има своето место меѓу најдобрите десет играчи во шест категории.

Македонецот е лидер на АБА во постигнатиот индекс на корисност со вкупно 3212 поени, а покрај тоа е и на второто место по бројот на остварени скока со 1314. Четврти по бројот на „залепени банани“ со 227, осми со 60.98 отстона успешност во реализираните обиди за два поени, деветти по бројот на постигнати поени (2434) и украдени топки (275).

Успешноста на крилниот центар доаѓа од „само“ 185 одиграни натпревари бранејќи ги „сино-белите“ бои на Задар и МЗТ Скопје. За сега 45-годишниот далеку поуспешна беше авантурата во хрватскиот состав која траеше од 2004 до 2009 година. Тогаш често знаеше да го преполни противничкиот кош, а најдобриот натпревар го одигра против Партизан во сезоната 2005/06 кога оствари дабл-дабл од 27 поени и 16 скока промашувајќи само еден обид од поле (11/12).

Некогаш најголемиот талент на македонската кошарка не успеа да ја освои титулата во регионалното првенство, но неговите неговите неверојатни настапи секогаш ќе ги паметат навивачите на Задар и МЗТ Скопје.

Се вчитува...