И РК Охрид погоден од COVID-19

Ракометар и член на екипата на РК Охрид се позитивни на COVID-19 информираат од клубот. Ковид позитивните се изолирани и се во добра здравствена состојба. Следниве денови тестирани ќе бидат останатите ракометари, стручниот штаб и останатите членови на екипата.

Охрид е четвртиот клуб од првата ракометна конкуренција кај кој има позитивни случаи на коронавирусот. Претходно заболени пријавија Голден Арт КЛ7, Радовиш и Струга. Ракометната федерација уште при првите случаи на COVID-19 донесе одлука да го стави во мирување натпреварувањето во групата А.

Се вчитува...