И Роналдо да позавиди: Ремек-дело на Коларов од слободен удар

Александар Коларов сериозно му парира на Кристијано Роналдо за најубав гол во првото коло од СП 2018, откако српскиот капитен со проектил од слободен удар го матираше Кејлор Навас за водство на Србија на дуелот со Костарика.

Во споредба со евроголот на Роналдо против Шпанија, аголот на Коларов беше многу тежок, но тоа не му пречеше на левиот бек со милиметарски прецизен удар да ја смести топката во мрежата.

Се вчитува...