И Руди Фернандез уште една година во Реал Мадрид

Искусниот шпански кошаркар, Руди Фернандез го продолжи договорот со Реал Мадрид. Тој и следната сезона ќе биде дел од „кралевите“ што ќе биде за него 11. сезона во низа во овој тим.

37-годишникот со Реал Мадрид освои две титули во Евролигата, а минатата сезона беше поразен во финалето од Ф4 турнирот во елитното натпреварување од турскиот Анадолу Ефес.

 

Се вчитува...