И Сари крева раце од најскапиот фудбалер на Челси

Маурицио Сари важи за стратег што преферира офанзивен фудбал, па се очекуваше со неговото доаѓање на местото на Конте конечно да се разбуди и Алваро Мората. Шпанскиот ас дури и беше стартер на првите неколку натпревари, но слабите игри што ги прикажа придонесоа Мората да се пресели на клупата, а и самиот Сари да крене раце од обидите да му ја врати самодовербата.

Италијанскиот стратег сега го преферира Оливие Жиру, кој има далеку подобра соработка со Еден Азар, а последните информации велат дека Сари порачал на управата дека Мората би можел да си замине. Токму тој го блокираше заминувањето на Шпанецот во текот на летото, но откако се увери дека екс-фудбалерот на Јувентус и Реал не се снаоѓа во неговиот систем, сега Сари планира да го продаде, па потоа парите да ги реинвестира во Киеза од Фиорентина.

Проблем е што ниту еден од заинтересираните клубови (Милан, Јувентус, Борусија Дортмунд, Атлетико Мадрид) не ни помислува на сума над 50 милиони евра, што во секој случај ќе биде значителна загуба ако се знае дека лондонскиот клуб плати 70 милиони фунти за да го доведе Шпанецот од Реал Мадрид.

Се вчитува...