И Серена Вилијамс нема да биде дел од ЛОИ во Токио

Серена Вилијамс е само уште една во низата на тениски ѕвезди кои нема да настапат на Летните олимписки игри во Токио. Серена која во септември ќе наполни 40 години има четири златни медали од Олимписките игри. Три се во двојки со нејзината сестра Венус, а во сингл го освои златото во Лондон во 2012 година.

„Не сум на листата за Летните олимписки игри. А ако бев, искрено не требаше да сум таму. Така да се е океј“, изјави Серена. 

Серена на Вимблдон ќе ја брка 24. гранд-слем титула со која ќе се израмни со Маргарет Корт на првото место на вечната листа.

Се вчитува...